Во Штип голем дефект на главната водоводна линија

Од:

Голем дефект на главната водоводна линија ги остави штипските населби во високите зони без вода за пиење. Според директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски дефектот е лоциран меѓу Филтер станицата и штипската населба „Дузлак“, а екипи веќе работат на негово санирање.

-Нашите екипи пристапија на отварање на дефектот и во текот на денот се надеваме дека ќе успееме да го санираме овој проблем. Се надевам дека до утре во текот на претпладневните часови ќе имаме нормализирано водоснабдување. Водоснабдувањето е пренасочено кон ниските зони и вода за пиење ќе немаат населбите познати како Блоковите 85, 91 и 2000 и високите зони како што е населбата Пребег, вели Мицевски.

Тој истакна дека оваа година ова е еден од посериозните дефекти на главната водоводна линија, а според анализите над 30% од граѓаните во Штип ќе останат без вода се до санирање на дефектот. Мицевски апелира граѓаните во ниските зони, кои имаат вода рационално да ја користат.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена