Во Штип формиран тим за борба против насилство врз жените и девојчињата

Од:

Во Штип денеска и официјално се формираше Мултисекторскиот тим за насилство врз жените и девојчињата, а кој е дел од проектот „Веведување на интегративен пристап на пакетот од суштински услуги за жени и девојки жртви на насилство“. Проектот го реализира НВО „ЕХО“ од Штип.

Бети Пеева од НВО „ЕХО“-Штип вели дека тимот е составен од претставници на полицијата, судот, обвинителството, Клиничка блолница, Здравствен дом-Штип, потоа од Општина Штип и од адвокати и судии кои се експерти во оваа област.

-Овој модел со кој што ние ќе работиме ни се наметнува всушност со ратификација на конвенцијата на Советот на Европа за заштита од насилство на жените и девојчињата, односно популарно наречената Истанбулска конвенција, вели Пеева.

Токму со ратификацијата на оваа конвенција кон крајот на 2017 година, како што рече Пеева на Македонија и претстојат и големи предизвици на ова поле, бидејќи се наметнуваат одредени норми и стандарди, кои треба да се вметнат во македоинските закони. Инаку Штип и Струмица се пилот општини во овој проект, каде што се формирани и вакви тимови.

-Овие тимови ќе имаат навистина тешка задача. Затоа што ќе треба да работат на донесување на препораки за промени во законската регулатива во начините и моделите кои што сега постојат, во меѓуинституционалната соработка, а кои што досега и не функционираа. Сето тоа на некој начин ќе треба да се сублимира да се доставува до повисоките инстанци за да може да се вметне во нова законска реулатива и како препораки да влезат во некои измени, нови законски решенија, рече Пеева.

Со тимот во Штип ќе координираат членовите на НВО „Ехо“, а во Струмица Здружението на Организација на жени.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена