Во Штип дебата за придобивките од влезот во ЕУ и НАТО

Од:

Во рамките на референдумската кампања „Излези За Европска Македонија“ денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски имаше средба и дебата со невладиниот сектор, а на која се изнесуваа ставовите за придобивките за влез во ЕУ.

-Разговарав со 26 невладини организации и граѓански здуженија кои дадоа голема поддршка за овој договор. Сакам да повторам дека ова е компромисно решение, но, ова е и решение кое пред се и дава шанса на Република Македонија да оди напред и да се приклучиме кон Европската Унија и НАТО, да обезбедиме подобар живот за сите наши граѓани имајќи предвид дека во изминатите 27 години Република Македонија стои во место, вели Бочварски.

Тој забележа дека во изминатите години граѓаните се иселуваат и не можат да обезбедат сопствена иднина и иднина на своите деца, а што е уште пострашно, како што вели, си заминуваат со пасоши од странски држави. Бочварски истакна дека токму со референдумот на 30 септември граѓаните ќе одлучат дека се за европска Македонија, која нуди и подобра иднина на младите луѓе.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“