Во Штип дебата за квалитетна вода за пиење, канализација и одвод на отпадни води

Од:

Хидросистемот „Злетовица“ го подготвува цевководот и системот за дистрибуција на водата до штипската Филтер станица од наредната седмица, соопшти Миле Моневски од Хидросистемот (ХС) „Злетовица“ на денешната трибина „Обезбедување квалитетна вода за пиење, канализација и одвод на отпадни води“ во организација на НВО „Медиа плус“ – Штип.

„Граѓаните на Општина Штип сѐ уште отплаќаат кредит за адаптација на филтер станицата во Штип и затоа наш интерес е тие пари коишто Општина Штип и државата ги вложиле, и коишто сѐ уште ги плаќаат граѓаните, да бидат ставени во функција.

Конечна цел е граѓаните да пијат чиста, здрава и исправна вода и да имаат поевтини сметки за вода.
Тоа е интересот на Општината којшто сакаме да го заштитиме, но најважно од сѐ ни е здравјето на граѓаните. Сѐ додека не дојдеме до квалитетна вода за пиење, ние нема да ја пуштиме во употреба оваа вода.

Затоа јас побарав, заедно со Влада на РМ, да направиме уште едно испитување, за да видиме во каква состојба е водата, дали можеме да ја прочистуваме, колку ќе чини прочистувањето на таа вода и на крај да ги направиме пресметките и анализите за да процениме дали ќе ја преземаме оваа вода.

Водата се тестира во Центар за јавно здравје. Тоа е државна институција, тука нема простор за импровизации. Ќе се тестира водата што излегува од филтер станицата во Штип. Само доколку го има потребниот квалитет, оваа вода ќе биде пуштена до граѓаните“, рече градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“