Во Штип дебата на Евро-атланскиот совет на Македонија

Од:

Претставниците на Евро-атланскиот совет на Македонија и студентите на штипскиот Правен факултет денеска дебатираа на тема „Влијанието на Евро – Атлантските интегративни процеси врз меѓу – етничките односи во Република Македонија“.

– Повеќе од 80 проценти од граѓаните во земјава без разлика на етничката припадност мислат дека колку повеќе се интегрираме или напредуваме во евроатланските интеграции, толку можат и да се подобрат и меѓуетничките односи, рече  претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.

Според него, тоа е нормално затоа што се стремиме да ги споделиме вредностите  со евроатланските земји.

– Таму има вредности како што се слобода, демократија, правда, слободни медиуми, независно судство и сите се тие вредности кои на еден начин помагаат односно се предуслов за да се релаксираат и меѓуетничките односи, со тоа што се добива во комуникација. Едно е и што е многу важно посебно кај младите кои живеат во слободна демокртска безбедна земја тогаш се поинвентивни, покреативни и нормално веруваат повеќе во тоа што значи нивна перспектива, вели Рамадани.
Забележа  дека како држава треба уште многу да обработиме за да конкуираме на евроатланските вредности, но желбата на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО ги обврзува политичарите и функционерите кои ги водат институциите да одговорат на желбите и на волјата на граѓаните.  
Аналитичарот  Алберт Муслиу истакна дека задачата на Евро-атланскиот совет на Македонија е да им укажат на политичарите дека централна тема за граѓаните се евро-атланските интеграции и кои се придобивките.
– Соживотот тука е вековен не е тој нешто ново измислено или од самостојноста на Македонија и тоа е нешто што треба да го негуваат. За жал политичарите тоа не секогаш го негуваат. Тие тоа и често го користат за свои цели и мислам дека вакви активности, како нашиве ќе укажат дека тие вековни вредности на соживот може само да се унапредуваат и што повеќе се унапредуваат тие се повеќе не доближуваат до европските вредности, вели Муслиу.
Извршниот директор на Бизнис клуб на Евро-атланскиот совет на Македонија, Трифун Костовски вели дека е време да се свртиме кон самите себе си, да ја унапредуваме нашата економија.
Универзитетските професори, аналитичари и бизнис секторот кои се дел од Евро-атланскиот совет на Македонија забележуваат дека младите без разлика на етничката припадност заеднички треба да го градат општеството и да се стремат кон евроа-атланските вредности како граѓани на Македонија

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово