Во Штип акција за сузбивање нелегална сеча на дрва

Од:

Полициски службеници од СВР-Штип и Шумската полиција вчера во период од 12 до 23 часот имале организирана акција за сузбивање на нелегалната сеча на дрва во местото викано „Црн Врв“ и место викано „Мутова Корија“ атар на село Кошево.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека на овие две места пронајдени се четири патнички возила и дабови огревни дрва, кои неколку лица се обидувале да ги товарат, но откако ги забележале полициските службеници побегнале.

-Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, вели Панајотова.

Четирите возила што се пронајдени на лице место се всушност хаварисани возила, без регистерски таблички, што можат да се забележат во неколку населби низ градот Штип. Во кои препродавачи со марами на лицето нудат огревно дрво на граѓаните низ населбите.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му