Во Штип 14 семејства ги искористиле услугите на мобилните тимови

Од:

Старите изнемоштени граѓани и телесните инвалиди во Штип, периодов најмногу бараат помош во делот на набавка на лекови и на основни прехранбени намирници, по што следува услугата плаќање сметки за режиски трошоци.

Секретарот на Општинската Организација на Црвен Крст-Штип, Викторија Милановска вели дека ова го покажува неделната анализа на учинокот на мобилните тимови на ОО на Црвен крст Штип и Општината Штип, кои изминативе четири дена се на терен и извршуваат услуги по претходно издадени налози од телефонските администратори кај кои се обраќаат граѓаните.

–Услугата на мобилните тимови за помош на граѓаните се состои во логистичка помош на стари или изнемоштени лица, самохрани родители, хронично-болни, семејства на лица со попреченост и други социјално-ранливи категории, при набавка на прехранбени продукти и хигиенски средства, набавка на лекови и медицински реквизити, извршување на шалтерски услуги, подмирување сметки за режиски трошоци и подигнување лекарски рецепти, вели Милановска.

Сервисната услуга е бесплатна, а граѓаните го подмируваат само сопствениот трошок за набавката. При користење на услугата, корисниците од страна на униформирани волонтери кои се легитимираат со ID картичка од Црвен крст, добиваат формулар на кој се евидентира сумата на дадени пари, а по набавката и вратениот износ на остатокот (кусурот) со приложена фискална сметка. Динамиката на реализирање на налозите се одвива ден за ден, односно според приоритетот и степенот на ранливост на корисникот. Најчесто, на корисниците кои телефонски нарачале услуга, истата им се испорачува следниот ден од 08:00 до 16:00 часот.

–Во истиот временски интервал се отворени и телефонските линии, кои ги администрира едно лице од Црвен крст и едно лице од Општина Штип. По четвртиот ден од стартот на услугата, генерирани се вкупно 21 налог, а испорачани се 18 услуги на 14 штипски семејства. Меѓу корисниците на услугите, доминираат лицата со попреченост на видот, рече Милановска.

Таа информираше дека од понеделник старуваат и со линијата за психосоцијална помош, кој ќе ја опслужува психолог психо-терапевт, секој работен ден од 10:00-13:00 часот.

Би можело да ве интересира

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Кривична пријава против 26 лица, го оштетиле Буџетот на општина Штип за над 18 милиони денари

Штипјанец физички ја нападна поранешната девојка и нејзиното момче

А1он

Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

А1он