Синоќа тресетина минути пред полноќ на улицата Јани Лукревски во Скопје започнала семејна расправија кога 43-годишниот С.М. од Скопје, насилно влегол во домот на својата полусестра,23-годишната Е.М.
С.М. ги претепал сестра си и нејзината 61-годишна мајка, а потоа им се заканил со пиштол. Исплашената Е.М. влегла во кујната од каде зела кујнски нож, а потоа му нанела убодна рана во вратот на својот полубрат.
С.М. бил пренесен во болница.
Истрагата е во тек.