20-годишен тетовец синоќа и нанел убодна рана со нож во десната натколеница на својата мајка 54-годишна мајка по вербална расправија откако таа одбила да му даде пари.
Случајот како семејно насилство бил пријавен десеттина минути по полноќ по што полицијата го привела насилникот информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци тој подолго време психички и физички ги малтретирал своите родители, а од претходно и е познат на полицијата како сторител на разни дела.