Во седум сообраќајки во Скопје повредени седум лица

Од:

Изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди, во кои седум лица се полесно повредени, а во една е предизвикана само материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден откриени се повеќе прекршоци и се санкционирани 10 возачи за возење под дејство на алкохол, двајца возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, како и седум возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или на црвено светло на семафорот за пешаци, како и тројца возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 56 возила, а санкционирани се 51 непрописно паркирани возила.

Одделението за превенција при СВР – Скопје во координација со „Здравствен дом“ на Скопје при Министерството за здраство, продолжува со спроведување на едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со учениците од III-та и IV-та година.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ