Во сабота во 12 часот во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи нов протест поради смртта на Тамара, на кој ќе се бара оставка на министерот за здравство Никола Тодоров. Протест требаше да се одржи во неделата но организаторите го откажаа поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара.
– Протестот ќе биде на едно место. Нема да биде пред фондот за здравство затоа што е на исто место со брза помош па не би било во ред да го блокираме влезот. На протестот ќе бараме оставка од Тодоров затоа што по оставките на директорите на Фондот за здравство, конечно целиот фокус треба кон него да се сврти – вели организаторот Димче Велев.
Извор: Мета