Во рок од пет часа, казнет 141 пешак во Скопје

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека е казнет 141 пешак на територија на СВР Скопје.

„Денеска (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 141 пешак од кои, 80 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 57 за минување на црвено светло.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава