Во разговорите со Бугарија акцентот е на Акцискиот план и меѓусекторската соработка

Од:

Во овој период акцент во разговорите со Бугарија ќе се стави на Акцискиот план, на соработката помеѓу секторите и помеѓу линиските министерства, со цел да се создаде амбиент кој во овој период делумно е нарушен, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Ако ставиме фокус на тој Акциски план ќе создадеме предуслови за решавање на разликите што постојат во однос на преговарачката рамка, вели Османи во интервјуто дадено за време на неговата вчерашна посета на Атина.

Османи нагласи дека за усогласување на преговарачката рамка за членство во Унијата потребен е консензус на сите земји членки на ЕУ и оттука многу се важни комуникацијата и разговорите со нив за да им се објасни нашата позиција.

Прашан дали Грција понудила конкретна иницијатива или помош за отстранување на бугарската блокада, шефот на дипломатијата нагласи дека Атина се гледа како олеснувач на европската перспектива на Западниот Балкан и многу е важно заради нејзиното влијание да ја има таа улога на олеснувач за влез на регионот во Европската Унија, па и во тој контекст да се олесни и патот на земјава.

– Така што очекувам е да имаме поддршка од Атина на тој пат, истакна Османи во интервјуто за МИА.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија