Во рамки на „Охрид трчаТ“ ќе се врши упис во Националниот донаторски регистар на коскена срцевина

Од:

Универзитетската Клиника за хематологија од Скопје за време на одржувањето на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчат“ ќе врши упис на потенцијални донори во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

На штандот на Здружението за поддршка на лица со ретки болести што ќе биде поставен на на Градскиот плоштад во Охрид в недела на самиот ден на трките во рамки на „Охрид трчаТ“, стручни тимови од Клиниката за хематологија и на Институтот за имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје на потенцијалните донори ќе им го објаснуваат процесот на зачленување во регистарот, а на лице место ќе бидат обезбедени услови за земање примероци крв за вршење ХЛА-типизација. Со регистрирањето секое лице станува дел од глобалното семејство што брои над 30 милиони доброволни дарители на коскена срцевина во светот.

Инаку, во тек е Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ што ја спроведува Клиниката за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, а со поддршка од Министерството за здравство. Целта на кампањата е подигање на свестата за хуманост, промовирање на солидарноста и засилување на можноста преку запишување во националниот дарителски регистар секој да може да се понуди да спаси човечки живот дарувајќи коскена срцевина.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство