Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

Од:

Целта на измените и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е департизација и професионализација на МРТ и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Владата вчера веќе го испрати законот во Собранието.

Суштинските измени што се предлагаат, како што изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.

Со измените се предвидува финансирање на јавниот радиодифузен сервис МРТ директно од Буџетот на Република Македонија и тоа во првата година со 0,7 отсто, во втората 0,8 отсто, третата 0,9 отсто, се до еден отсто. МРТ, вели Бошњаковски, ќе има целосна финансиска независност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски