Во Прилепско иако под контрола, активни се два пожари

Од:

Иако под контрола, во моментов во прилепско се активни два пожари, информираат од прилепската противпожарна единица.

Едниот пожар е на потегот на селата Здрзе – Маргари, гори нискостеблеста шума и зафатени се 20 ина хектари.

Вториот активен пожар е во непристапен терен на потегот на селата Дрен-Смолани и е на многу поголема површина од околу 50 хектари.

Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица нивните екипи и на прилепски „Комуналец“ и од јавното претпријатие „Црн Бор“ се на теренот.

– Горат нискостеблеста шума, сува трева, а кај Дрен-Смолани имаше зафатено и бор, но тоа е спречено да се шири. Пожарите се веќе трет ден. Иако се под контрола, сепак се активни. Поради непристапноста на теренот кај селата Дрен-Смолани побаравме и авионска интервенција за гасење, рече Стојчески.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан