Во прилепските училишта 130-ина помалку првачиња, состојбата ќе предизвика општествени промени

Од:

Со 130-ина помалку првачиња почна учебната година во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп. Наместо 800, запишани се 664 првачиња. Објектите се подготвени, но празните столчиња го потврдуваат проблемот со иселувањето на населението. Освен тоа, во основните училишта нема учебници за трето и шестоодделенците.

Најизразена ситуација е во најголемото основно училиште „Добре Јованоски“ со 1256 ученици во кое учат деца од повеќе националности, најмногу Македонци и Роми. Во ова училиште, наместо 190, се запишани 130 првачиња што е за 30-ина насто помалку. Речиси половината од намалениот број првачиња се од ова училиште.

Панде Николоска, директорка на училиштето, вели дека ќе бараат од Министерството паралелките да бидат со помал број ученици.

-Кај нас, за жал, процентот на помалку запишани првачиња е многу голем. Од 190 обврзници кои со список ги добивме како бројка во почетокот на мај, имаме запишано околу 130 првачиња, што е за 60-ина помалку од предвиденото. Главно, тоа е поради трендот на иселување.Тоа значи намалување на бројот на ученици во паралелките, така ќе биде и во наредниот период. Но, законот вели друго, па ќе мора да бараме согласности од Министерството за образование за паралелки со помал број ученици што досега во нашето училиште не било направено. 130-те првачиња се распределени во 7 паралелки, што е по 18 ученици во паралелка. Има веќе најава од неколку родители дека запишаните првачиња до крајот на годинава ќе ги испишат, во меѓувреме ги комплетираат документите за странство, изјави Николоска.

Социјалниот работник во ова училиште Ангела Ристеска, анализира дека состојбата ќе има долгорочни последици и се променува социоекономската слика.

-Намалувањето на бројот на првачиња влијае на социоекономскиот живот во заедницата. Се променува социоекономската структура, остануваме без кадри, без подмладок, сиромаштијата станува поизразена. Демографски, стануваме уште постара нација која нема кој да ја замени. Последиците од сето ова се долгорочни, затоа мора да се преземат мерки за да се забави овој процес, рече Ристеска.

Годинава Општината првпат обезбеди бесплатен оброк за првачињата. Во 10-те основни и петте средни училишта во Прилеп се околу 10 000 ученици.

Би можело да ве интересира

Ѓорчев: Нема првачиња, празни училишта

Во Велес и Велешко секоја учебна година сè помалку првачиња

Од идната година првачињата во Хрватска ќе се тестираат за покачен холестерол

А1он

И оваа година Credissimo им посакува топло добредојде на првачињата на првиот училишен ден

МОН и БРО: Изработката на современи наставни програми во новата учебна година за првачињата е во завршна фаза

Жарко Настоски

Над 640 првачиња оваа учебна година во гостиварските училишта