А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Прилеп се санираат последиците од вчерашното невреме

by А1он04/08/2015 - 10:02175
Share0

Во Прилеп се санирани речиси сите последици од вчерашното невреме проследено со пороен дожд, информира претседателот на Кризниот штаб во Прилеп, Никола Димески.

Добивај вести на вибер

– Екипите на „Водовод“, „Комуналец“ и на Противпожарната бригада синоќа ја испумпуваа водата од објектите и подрумите поплавени во Прилеп и од улиците во градот. Според пријавите на граѓаните, од 40 случаи, 16 беа за поплавени подруми, објекти и приземни простории претежно во населбите Бончеица, Тризла и дел од населбата Рид. Отстранети се и дефектите во електричната енергија во градот. Центарот за јавно здравје ќе изврши третирање кај поплавените објекти за превентивна заштита, изјави Димески.

Според информациите од Центарот за управување со кризи во Прилеп, изутринава поради невремето се уште без струја се две прилепски села – Веселчани и Загорани и три во општина Долнени – Житоше, Борино и Лажани поради искинати жици во електричната мрежа. Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите.

Прилепски „Комуналец“ изутринава ги чистеше улиците, а Кризниот штаб ќе се состане во 11 часот за координирање на активностите.

poplaviprilep

Би можело да ве интересира

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Горан Наумовски23/02/2026 - 14:19

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:5518/02/2026 - 09:45

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:08

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:0217/02/2026 - 08:10

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Горан Наумовски16/02/2026 - 09:17

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен