А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Прилеп почнаа чествувањата за 11 Октомври

by А1он10/10/2017 - 14:42326
Share0

Со крводарителска акција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и со формирањето на македонското знаме на учениците од прилепските училишта на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, денеска во Прилеп почнаа чествувањата по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и одбележувањето на 76-годишнината од почетокот на четиригодишната Народноослободителна борба.

Добивај вести на вибер

Крводарителската акција во текот на денов во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е традиционална по повод националниот празник и е во организација на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и на Црвениот крст на Македонија.

Според Анита Божинова Петковска од Институтот прилепчани секоја година ја покажуваат својата хуманост преку оваа традиционална хумана активност.

– Се надеваме дека ќе собереме повеќе единици од планираната бројка и уште еднаш да ги пофалиме граѓаните на Прилеп како добри крводарители. Ги повикуваме сите кои не се започнати со дарување на крв да се вклучат во семејството на крводарители и да даруваат крв, рече Божинова Петковска. Акцијата е отворена до 15 часот.

Денеска напладне околу 1.200 ученици од прилепските основни и средни училишта на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во чест на празникот го изведоа традиционалниот перформанс формирајќи го македонското знаме.

За Снежана Ристеска од прилепската локална самоуправа која е организатор на програмата за чествувањето на „11 Октомври“, Прилеп со гордост го пречекува празникот кој е симбол на македонската борба за независност и слобода, а младите го даваат својот придонес во почитта кон празникот.

-Утрешниот празник е симбол на македонската борба за слобода, ден кога се поставени темелите на македонската државност. Токму градот херој – Прилеп овој празник го пречекува со посебно внимание. На овој перформанс учествуваа над 1.200 ученици кои го формираа македонското знаме. Секоја година локалната самоуправа подготвува и други активности кои ќе го одбележат овој значаен ден. Целта на овој настан е, пред се, дружење на децата и зголемување на почитта на младите кон државните симболи, но и да се оддаде почит на сите луѓе кои го дале својот живот за Македонија во антифашистичката револуција, рече Ристеска.

Во рамките на програмата за одбележување на празникот, вечер од 19 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ ќе настапат солисти од детскиот хор „Мали ангели“. Истовремено во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела на скулпторот Никола Смилков. Во 19.30 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ за значењето на 11 октомври ќе говори актуелниот градоначалник на Прилеп, а потоа е и традиционалниот импровизиран напад на градот со огномет, како потсетување на настаните 41-та кога партизанскиот одред „Гоце Делчев“ ја нападнал тогашната полициска станица Участакот, денес меморијален музеј „11 Октомври“ со што беше означен почетокот на народното востание. Потоа, концерт ќе одржи групата „Синтезис“.

На денот на празникот утре почит ќе им биде оддадена на загинатите борци. Делегации ќе ги посетат и ќе положат свежи цвеќиња на Могилата на непобедените во паркот на Револуцијата и спомениците на Кузман Јосифоски Питу и на Методија Андонов Ченто во центарот на градот.

Во рамките на чествувањата на празникот, утре од 10 до 14 часот на плоштадот пред Градскиот саат ќе се одржи изложба на рачни ракотворби во организација на невладината „Мајка традиција“, а од 12 до 15 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Прилеп ќе се одржи 10-та по ред манифестација „Car Show“ на која ќе бидат изложени голем број олдтајмери и спортско-модифицирани возила.

11 oktomvriprilep

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Горан Наумовски22/10/2025 - 20:29

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:39

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Горан Наумовски18/10/2025 - 08:54

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски15/10/2025 - 09:2215/10/2025 - 09:22

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он11/10/2025 - 13:3611/10/2025 - 14:23

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он11/10/2025 - 09:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен