Во Прилеп отворена нова гардинка со капацитет за 100 деца

Од:

Досега 18 општини во државава аплицирале со готова документација за изградба на детски градинки, а интенција на Министерството за труд и социјална политика е да се зголемат капацитетите во држќавава и да се решава овој долгогодишен проблем, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при денешното отворање на новата гардинка во Прилеп во рамки на основното училиште „Рампо Левката“.

Градинката е со капацитет за згрижување 100 деца, а во Прилеп чекаат да бидат згрижени уште 400 деца. За опремување на овој капацитет министерството одвои 1,6 милиони денари.

– Со овој објект се проширува капацитетот во градинките. Заложбата на владата е да ги развиваме и да ги создаваме капацитетите за згрижување на децата во нашата држава. Со години бевме сведоци како овој систем за детска заштита се запушташе, како се отвораа градинки кои во суштина не се отвораа. Ги зголемуваме капацитетите на градинките и вложуваме во кадарот и во изминатиот период имаме повеќе од 500 вработувања. Деновиве отвораме неколку градинки. Даваме поголем фокус на руралните општини, зашто во земјава тој дел беше запуштен, изјави Царовска.

Според Царовска, Македонија има низок опфат на деца во градинките и интенција е да се зголеми за 50 отсто. На отворениот јавен повик од ноември минатата година досега со готови проекти се јавиле 18 општини. Царовска ги повика сите кои имаат готови проекти да се пријават.

-Имаме готови проекти во 18 општини кои дел ќе се финансираат од државниот, дел од локалниот буџет. Ова е долгорочен проблем. најголемиот дел од изградените објекти се од поодамна и се малку, сето друго е проширен опфат. Прилеп ќе аплицира во септември за детска градинка во населбата Точила. Во Македонија опфатот на деца во градинките е низок и е 29 проценти до шест години, а 35 насто е на децата на возраст од три до шест години. Наша интенција е овој процент да се зголеми, да се прошират капацитетите и да се зголеми квалитетот на услугите во градинките. Запоставени се руралните и други региони, а има општини каде нема ниту една градинка. Сега општините аплицираат и очекуваме дека за 50 насто ќе го зголемиме бројот на деца вклучени во градинките, објаснува Царовска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски изрази задоволство што во функција е ставен објект што згрижува 100 деца. То за следната година најави изградба на нова градинка и адаптација на друга до крајот на 2018.

Во Прилеп на ред чекаат околу 400 деца кои треба да бидат згрижени. Во тек е постапка за изградба на градинка во прилепската населба Точила. Се подготвува техничката документација и в година да се гради. Има барање и на две компании да изградат градинки во својот круг. До крајот на годинава треба да се оспособи капацитетот за 100 деца во градинката во кругот на Тутунскиот комбинат, изјави Јованоски.

Во Прилеп иам 11 градинки, од кои шест во градот, а пет во населените места, во кои се сместени 1, 200 деца и има 146 вработени.

Во градинките во последните три месеци се вработени 30 лица.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски