Во Прилеп одбележани 57 години од смртта на Ченто

Од:

По повод 57-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто денеска пред неговиот споменик во центарот на Прилеп се поклонија претставници на неговото семејство, а свежи цвеќиња положија и делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борците, на политичките партии и граѓани.

– Очекувам историчарите да се позанимаваат со поствоениот период во кој многу луѓе исто како и татко ми беа жигосани и прогласувани за предавници само поради фактот што ја сакаа својата Македонија, изјави Марија Јакимоска, ќерка на Ченто.

Таа додаде дека Прилеп отсекогаш му оддавал должна почит на нејзиниот татко.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека Прилеп е горд на великанот Ченто.

– Ченто е голема личност за македонскиот народ, а Прилеп се гордее што го има и секогаш ќе му се оддолжува и ќе му ја укажува должната почит на првиот претседател на АСНОМ, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително