Во прекин сообраќајот на патот Штип-Неготино, се чистат одрони

Од:

На патниот правец Штип – Неготино кај местото Серта, има прекин на сообраќајот поради чистење на одрони. Од АМСМ соопштија дека прекинот е од 10:25 часот.

Сообраќајот на остантите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски