Во прекин сообраќајот на граничниот премин Меџитлија

Од:

Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин „Меџитлија“  целосно е во прекин за влез и излез од Грција.  Прекинот што почна во 10 часот ќе трае до 15 часот, а продолжува вечер од 18 до 23 часот, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, поради изведување работи на пат (минирање), за денеска од 13 до 15 часот, во интервали од 15 до 20 минути, е најавен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресека – село Врбјани. 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози.  

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он