А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во пожар речиси целосно изгоре дом на петчлено кривопаланечко семјство

by А1он21/06/2017 - 14:50146
Share0

Во голем пожар, кој избувна во приватен стан во колективна станбена зграда позната како зграда на „Карпош“ во Крива Паланка, речиси целосно изгоре домот на петчленото семејство Давитковски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Пожарот е пријавен во 17 часот и 16 минути, а екипи на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка на местото излегле во 17 часот и 20 минути.

– Пожарот е локализиран во 18 часот и 20 минути, а ликвидиран целосно во 20:45 часот. Опожарен е стан на поткровје со површина од 21 метар квадратен, како и покривна конструкција околу 5 метри квадратни. На местото излегле осум пожарникари со две противпожарни цистерни и теренско возило „Лада нива“ за достава на боци со компримиран воздух. Додека една екипа веднаш пристапи кон гасење на пожарот, другата изврши целосна евакуација на сите десет станови во објектот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Тој информира дека по локализирањето на пожарот морал да интервенира и на запирање на дотокот на вода која поради растопените пластични цевки предизвикала протекување и поплавување на становите на долниот кат.

Следете a1on на Youtube YouTube

– По локализирањето на пожарот во задимените простории го слушнав звукот на млазот вода кој не беше од противпожарните црева, по што забележав дека цевките од водоводната инсталација се растопиле и водата во силен млаз протече кон подолниот кат. Поради ова морав да го исклучам доводниот вентил, додаде Коцевски.

Во станот со површина од 21 метар квадратен, кој се наоѓал во колективна зграда на улица „Гоце Делчев“ бб, живеело петчлено семјство, од кои две деца, средношколци, момче и девојче, на возраст од 16 и 18 години.

– Помладите беа во соседната, засебна спална, кога слушнав силен пукот. Излегов да проверам во кујната и видов дека се гори. Ги повикав син ми, снаата, децата, но огнот немилосрдно ни изгоре се што создававме со децении. Немаме ниту покрив над глава, пари, покуќнина и гардероба. Изгоре и заштедата од 30.000 денари за дрва за огрев, раскажа 67-годишната Даница Давитковска, најстар член на семејството. Таа апелираше сите хумани граѓани да помогнат во рамки на своите можности за побрзо да се санира домот.

Причина за настанување на пожарот, најверојатно е електричната инсталација, огнот брзо се проширил, а пламените јазици за многу краток период проголтале речиси цела покуќнина, мебел, електрични апарати, облека и пари.

На терен е излезена екипа од ПС Крива Паланка, која дополнително ќе ја утврди материјалната штета, а од страна на Општинската организација на Црвениот крст Крива Паланка се доставени пакети со намирници, храна и средства за хигиена.

kriva-palankapozar

Би можело да ве интересира

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

Горан Наумовски23/07/2026 - 20:06

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Горан Наумовски23/07/2026 - 16:17

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:57

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Горан Наумовски22/07/2026 - 21:36

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца

Горан Наумовски22/07/2026 - 18:54

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме

Горан Наумовски19/07/2026 - 21:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео