Во пожар изгоре горниот спрат од куќа во селото Косевица во општина Македонска Каменица

Од:

Пожар ја зафати куќата на семејството на Павле Митевски во Грнчарско маало во каменичка Косевица. Пожарот најверојатно избувнал поради неисчистен оџак.

Како што истакна Малин Трајчевски командир на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, пријавата за пожарот е примена синоќа во 22:15 часот, а било интервенирано со две противпожарни возила.

– Интервенцијата започна веднаш кога стигнавме на лице место. За жал пожарот беше во напредна фаза и се што можевме да направиме е да го спасиме долниот спрат, но не можевме да го спасиме горниот спрат и кровната конструкција. Според нашите првични сознанија и според информацијата од сопственикот на куќата, пожарот започнал да се шири од неисправна димоводна инсталација, рече Трајчевски.

Несреќата на семејството на Павле Митевски ги организираше каменичани кои организираат хуманитарна акција за собирање помош. Горан Ристевски, жител на Македонска Каменица, истакна дека попладнево ги очекува сите хумани луѓе да донираат средства и се што можат, а донациите ќе се собираат кај споменикот на рударот во центарот на градот.

-Апелирам до сите граѓани да помогнат на ова семејство, бидејќи останаа без ништо. Во пресрет на зимата овие луѓа останаа на улица. Секаква помош е добредојдена и треба веднаш да се реагира за да им се помогне, рече Ристовски.

Досега каменичките пожарникари два пати интервенирале на запалени оџаци во домаќинствата. Пожарникарите апелираат до граѓаните редовно да ги чистат оџаците за да се превенираат пожари кои можат да донесат сериозни последици за животот и имотот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски