Во посета на Штип делегација од Општина Стражица, Република Бугарија

Од:

Денеска во посета на Општина Штип е делегација од Општина Стражица од Република Бугарија. Посетата е во насока на продолжување на соработката помеѓу двете Општини. Претставниците од делегацијата од Општина Стражица посетија неколку локации и институции во Општина Штип, меѓу кои и ОМЦ „Киро Глигоров“. Дел од делегацијата се заменик-градоначалничката Катја Петрова и советничката задолжена за проекти и програми Красимира Желјаскова.

„Ги договоривме понатамошните активности. Меѓуграничната меѓуопштинска соработка продолжува на повеќе нивоа. Се договоривме да соработуваме и да споделуваме идеи и искуства од областа на образование, култура, спорт, социјална заштита, невладин сектор, да бидеме партнерски Општини во аплицирање за средства од ИПА програмата до пристапните фондови.

– За таа цел, во најскоро време, односно на 19 јуни, поголема група граѓани од Штип, односно од сите дејности кои ги споменав, ќе ја посетат Општина Стражица, каде ќе имаат контакти со нивните колеги и ќе споделат искуства. Посетата беше навистина пријатна и потребна. И понатаму како Општина ќе се обидуваме да организираме и да воспоставуваме вакви контакти со Општини од соседните држави“, изјави Билјана Казанџиска, раководителка на секторите ЛЕР, образование и јавни дејности при Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена