Во понеделник протест пред Идризово за Љубе Бошкоски

Од:

Активисти и членови на партијата на Љубе Бошкоски во понеделник најавија протест пред затворот во Идризово. На протестот кој е закажан во 11 часот ќе биде повикан директорот на затворот, Живко Пејковски да одговори чии наредби спроведува и дали е подготвен да ја презема одговорноста за намерното продолжување на престојот на Љубе Бошкоски во затворот во Идризово.

Според партијата, Љубе Бошкоски треба да излезе од затворот веќе следната недела, но директорот одбива да му ги даде трите месеци кои го следуваат екс министерот за внатрешни работи, мерка која досега исклучиво е спроведена и ја добил секој затвореник. Од партијата веќе кажаа дека ги знаат нарачателите кои побарале да остане Бошкоски во затвор додека не поминат изборите на 5 јуни, а како што најавија, ќе ги соопштат на јавноста.

Протестот во понеделник е само потсетување за директорот на Идризово дека не треба да ја злоупотребува својата положба за партиски или лични цели. Доколку не се потпише решението од партијата размислуваат да се преселат пред затворот и да ја блокираат институцијата се додека Бошкоски не излезе од таму. За тоа, велат дека ќе побараат поддршка од сите граѓани од цела Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска

Стојков за апсењето на Љубе: Не се сеќавам што сум кажал во СЈО, сведочев од 1 до 8

Ана Ололовска