Во понеделник масовно против загадувањето во Скопје

Од:

Дваесетина граѓански организаци повикуваат на масовен протест пред владата во понеделник, на 28 декември, со што ќе се изрази револтот од пасивноста на власта во однос на овој проблем.

– Времето не гази, а воздухот и понатаму ни го зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не демнат и нас и нашите блиски и нашите деца!

Доста е!

Се здруживме и одлучивме дека ќе кажеме НЕ!

Ве повикуваме сите кои дишете, а не сакате да умрете, да ни се приклучите на протест на 28ми декември (понеделник) во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија.

Протестираме против загадувањето на водухот!

Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!

Излези за воздух, се вели во повикот до жителите на Скопје.

Градот и натаму останува загаден, со опасен воздух кој тивко убива. Во центаротна Скопје, концентрацијата на штетните честички само вчера беше десет пати над дозволеното ниво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите