Во Полошко зачестени напади врз полициски службенци

Од:

Омаловажувања со навреди, па дури и физичките напади врз полицајци на должност, деновие во полошкиот регион станаа зачестена појава. За два дена приведени се две лица кои претходно навредувале и физички нападнале полициски служебници.

Последниот случај е регистриран рано утрово (31 јули) околу 1 часот и 20 минути на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на отворените сепарации. Во овој период, лишен од слобода е 26 годишен маж кој претходно, управувајќи патничко возило „опел зафира“ со гостиварски таблици, во 23 часот и 40 минути, бил запрен од патрола, а набрзо и нападнал полициски службеници. Тој е задржан е во полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок. Сличен настан имаше и вчера кога еден возач нападнал полицаец кој вршел регулирање на сообраќај. Од слобода беше лишен 62 годишен маж од гостиварското село Здуње и задржан во полициска станица.

Според евиденцијата на СВР Тетово на подрачјето кое го покрива од почетокот на годинава, заклучно со 30 јули, вкупно евидентирани се 10 физички напади на полициски службеници. Во евиденцијата регистрирани се и 14 случаи на навредување и омаловажување на полициски службеници и седум случаи на спречување службено лице во вршење службени дејствија.

Насилните реакции на граѓаните кон униформираните лица најчесто се при контролни активности.

– Најбројни во овој период се случаите поврзани со регулирање сообраќајот, контролни активности во угостителски објекти, расчистување нарушувања на јавниот ред и мир и други безбедносни настани, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Јосифоски посочува дека пријавените граѓани се соочуваат со парични казни, но и со затворски казни. За навреда и омаловажуавње на служебно лице според законот за прекршоци предвидена е глоба од 600 до 800 евра. За напад или попречување на службено лице во кривичниот закон е предвидена и затворска казна, додека за напад со оружје или телесна повреда казната може да достигне 10 години затвор.

Во случаи кога напаѓачот тоа ќе го побара, внатрешната контрола на МВР ја проверува пријавата и дополнително утврдува дали полициските службеници ги пречекориле овластувањата и предизвикале „бурна“ реакција кај граѓанинот кој е пријавен за напад, попречување или омаловажување.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ