Во Полошко во една ноќ откриени 11 алкохолизирани возачи

Од:

Во акција на полицијата ноќта меѓу сабота и недела на поширокото полошко подрачје откриени се 11 алкохолизирани возачи, информираат од СВР Тетово.

Со контролната акцијата за возење под дејство на алкохол вкупно биле опфатени 107 возачи во Тетовско 60 и Гостиварско 47. Од нив на тест за алкохол биле подложени 67 во Тетовско 50 и Гостиварско 17.

– Од вкупно алкотестираните, кај 11, четворица во Тетовско и седум во Гостиварско, откриено е присуство на алкохол, поради што сите се исклучени од сообраќај. На деветмина (ТЕ-2 и ГВ-7) времено им се одземени возачките дозволи. Покрај тоа, изготвени им се 11 мандатни платни налози и едно барање за поведување прекршочна постапка, наведува Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Лицата кои се соочуваат со прекршоците ги очекуваат глоби од 250 до 500 евра во денарска противвредност.

Во акцијата, исто така, биле констатирани и 19 други прекршоци, кои се заокружени со соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози