Во Полошко изминатите 24 часа регистрирани три сообраќајни несреќи

Од:

Изминатите 24 часа во полошкиот регион регистрирани се три сообраќајни несреќи.

На регионалниот пат Тетово-Јажинце, вчера околу 20 часот, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 19-годишниот М.И. од Одри и „БМВ“ со германски таблици, што го управувал 37-годишниот А.Е. од Доброште.

Во несреќата, двајцата возачи се здобиле со телесни повреди и по укажаната помош во тетовската клиничка болница, пуштени се на домашно лекување. Според првичните сознанија од увидот, причина за несреќата е неприлагодена брзина, а материјалната штета се проценува на 80 илјади денари.

На регионалниот пат Скопје-Тетово вчера околу 11 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Голф“ со тетовски таблици, управувано од 60-годишниот Ф.А. од Доброште и велосипед „Собим“, што го управувал 30-годишниот М.Р. од Сараќино. Повредениот велосипедист со истото возило пренесен е во тетовската болница, укажана му е лекарска помош и пуштен е дома, информира СВР Тетово.

Во Гостивар вчера се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Рено скеник“ со гостиварски таблици, управувано од 83-годишниот Р.Ѓ. од Беловиште и пешак Д.В.( 62 ) од Гостивар. Повредениот пешак со друго возило бил пренесен во гостиварската болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување. Причина за несреќата, првично, е непропуштање на пешакот на пешачки премин.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ