Во Подгорци за првпат не е одбележан патрониот празник на училиштетот Гоце Делчев

Од:

За прв пат после 41 година, основото училиште Гоце Делчев од струшкото село Подгорци не го одбележа својот патрон празник, како што тоа го правеше досега секоја година во текот на месец мај. Партиите од македонскиот политички блок во Струга се сомневаат дека зад сето ова се крие новата локална самоуправа во Струга.

„Подгорци е рак рана на образованието во Струга, и сметам дека градоначалникот многу добро ги познава состојбите таму и сметам дека има замешано прсти во целата оваа работа. Ако би имало била каква наредба од страна на градоначалникот за непрославување на тој патронат, тоа е сосема погрешна одлука, патронатот мора да се прославува“ рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Затуроски.

Градоначалникот на Струга, Зијадин села тврди дека нема никакви информации што точно се случило.

„Не сум информиран околу оваа работа, тврдам одговорно дека немам информација дали има барање за да се одржи патронат ниту имам права да навлегувам во правата на училиштето тие си имаат директори и тие одлучуваат“, рече Села.

Неодамна во струшко Подгорци од дворот на училиштето беше отстранета и бистата на Гоце Делчев, а во ова училиште веќе неколку години настава следат и десеттина ученици на албански јазик, кои Министерството за образование ги смета за нелегални.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски