Во петок привремен сообраќаен режим на дел од Пластичарска улица

Од:

Градот Скопје преку соопштение извести дека поради изведување градежни работи за асфалтирање на булеварот „Никола Карев“, познат и како „Пластичарска улица“, на 17-ти април, петок комплетно ќе биде затворен за сообраќај дел од неговиот коловоз, на потегот од крстосницата со улицата „Македонско-косовска бригада“ до крстосницата со улицата „Самоилова“, во периодот од 8:00 часот до 00:00 часот.

– Додека траат градежните работи, на оваа делница ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од Град Скопје и апелираат до граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим на овој булевар и поставената патна сигнализација, а брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози