Во ПЕ на Министерството за земјоделство-Велес на земјоделците им се делат времени дозволи за движење

Од:

Во просториите на ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес во тек е делење на времените дозволи за движење за земјоделците до нивните  земјоделските стопанства како оранжерии, пластеници и сточарски објекти, поради воведување на нов продолжен полициски час за време на викендот. Со овие времени дозволи опфатени се 28 земјоделци од Велес и велешкиот поширок регион во кој се вклучени и Општините Градско и Чашка, информира за МИА, Зоран Наковски раководител на ПЕ на МЗШВ во Велес.

-Со  времените дозволи ќе им се овозможи на земјоделците движење во време на полициски час од 16:00 до 5:00 наутро, според нивните потреби. Затоа на секој поединечно во времената дозвола која ја добиваат,  му е наведено до колку часот секој од нив има дозвола за движење за време на продолжениот полициски час, појасни Наковски.

– Со овие времени дозволи од МЗШВ  ќе им се овозможи на овие земјоделци непречено да отидат на работа  во своите пластеници и стакленици под раноградинарски култури, а тука се и сточарите на кои со овие дозволи ќе им се овозможи непречен пристап до свињарските фарми и трла на одгледувачите на овци, информира Наковски.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп