Во пандемијата потрошувачката на вода во Скопје зголемена за 300.000 кубни метри

Од:

Пандемијата на коронавирус ја зголемила потрошувачката на вода во Скопје. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ бележи пораст на потрошената вода, а истовремено намалување на наплатата кај правните лица, споредено со претходните години.

„Потрошувачката на вода во периодот на пандемијата, односно од март до ноември 2020, во споредба со истиот период минатата година е зголемена за 300.000 кубни метри“, велат од ЈП„Водовод и канализација“.

Наплатата кај физичките лица од „Водовод“ велат дека е иста како и претходните години, но наплата кај правните лица од почетокот на пандемијата е во пад од околу 17 отсто за вкупната наплата и 12 отсто за тековната наплата.

Вкупниот долг за вода кој го имаат правните лица е 368.000.000 денари, а физичките лица за вода должат 2.500.000.000 денари.

За голем дел од должниците „Водовод“ веќе има поднесено тужби.

„Согласно законските нормативи во континуитет се врши тужење на побарувањата кои ги има ЈП ’Водовод и канализација’ од физичките и правните лица. Тужените побарувања од правните лица се во висина од 214.000.000 денари и 2.260.000.000 денари од физичките лица“, велат од  скопски „Водовод“.

Меѓу должниците од „Водовод“ велат дека има и јавни државни институции кои имале неплатени по неколку тековни сметки, но со сите биле во постојан контакт за намирување на долгот. Исклучок, како што велат од „Водовод“ е Клиничкиот центар кој има поголем долг за чие расчистување се бараат решенија.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Водовод го избриша известувањето дека нема да има вода во Скопје-било лага на неовластени лица

А1он

Подгответе се навреме: Утре речиси цело Скопје без вода или со слаб притисок

А1он

Дел од булевар „АСНОМ“ утре без вода

А1он

Рестрикции на вода во Тетово