Во организација на МАН може да се вакцинираат сто медиумски работници во Врање

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот Ковид-19, да се пријават на официјалниот емаил: [email protected], најдоцна до 19.00 часот, недела 21 март 2021 година со: име и презиме, ЕМБГ, емаил адреса и редакција, за вакцинација која ќе се изврши на 23 март 2021 година.

На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедени ни се вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.

Како што информираат од МАН, терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година.

Пожелно е  лицата кои ќе се вакцинираат да бидат во 11.30 часот на 23 март 2021 година, вторник, во Заводот за јавно здравје Врање, на улица: Јован Јанковиќ Лунга 1, Врање (Jovana Jankovića Lunge 1, Vranje) за до 12.00 часот да се завршат административните процедури.
Ќе се вакцинираат единствено лицата кои ќе бидат официјално пријавени до МАН.

Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.

МАН организира и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година. 

На вакцинацијата присутни ќе бидат и претседателите на УНС и МАН.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски