Во општина Дебар легализирани 1.145 дивоградби

Од:

Во општина Дебар легализирани се 1.145 дивоградби, од вкупно поднесените барања во двата рока 3.187 барања за легализација.

– Во двата рока, според Законот за легализација во 2011, а потоа и со измените и дополнувањата донесени кон крајот на 2015 година, во секторот за урбанизам при општина Дебар, барања за легализација на дивоизградени објекти доставиле вкупно 3.187 лица. Од вкупниот број позитивни решенија добиле 1.145 лица или 36 насто, изјави Петрит Пачуку раководител на секторот.

Тој истакнува дека во првиот рок доставени се 2.085 барања, при што позитивни решенија се издадени на илјада подносители, дел се во постапка, додека 900 се со некомплетирани документи, односно недоставен елаборат

– Крајниот рок за легализација на овие објекти е 31 декември. Поради тоа апелирам до сите подносители на барања да ги докомлетираат барањата, нагласува Пачуку.

Во вториот рок, односно од крајот на 2015 до март 2016 година доставени се 1.102 барања. Крајниот рок за легализирање на овие објкети е 31 декември 2017 година.

Би можело да ве интересира

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот