Во Општина Чашка денеска избувна пожар и над село Теово во месноста Карпас

Од:

Од Територијалната Противпожарна Единица информираат денеска во 12:30 часот бил пријавен шумски пожар над селото Теово во месноста Карпас, во Општина Чашка. Засега нема информација дали истиот се гасне.

Од ТПЕ Велес велат дека за избувнувањето на овој пожар попладнево биле известени од патници од возот кои патуваат на релација Битола – Прилеп преку Богомила и Теово за Велес, кои го забележале пожарот кој поради ветрот брзо се шири во шумата.

Инаку ова е втор пожар кој денеска избувна во Општина Чашка. Денеска во 11 часот шумски пожар избувна и над село Долно Јаболчиште, исто така, во Општина Чашка.

Третиот шумски пожар на планината Мукос кај село Степанци во месноста викана Кадиица на границата помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени прилепско, беснее веќе деветти ден, а во него гори квалитетна мешана шума.

Би можело да ве интересира

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, сите се изгаснати

Активен е пожарот кај селото Неготино каде гори ниска вегетација

ЦУК: Гори ниска вегетација во атарот на гостиварското село Дебреше

ЦУК: Активен е само еден пожар на отворен простор

Изгаснат е пожарот во Слупчане, а активни се пожарите кај Богомила и кај селото Грешница

Горан Наумовски

Гори шума во Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод