Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада

Од:

Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Кисела Вода поставена е нова термоенергетска фасада.

На крајот на градежните работи за реконструкција на фасадата во училиштето присуствуваа градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на општината Дарио Шимиќ, директорот на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Борис Хрисафов и директорот на училиштето, Сашо Јовановски.

Како што е наведено во соопштението од општина Кисела Вода, со градежните активности кои започнаа да се одвиваат на крајот на август, во училиштето се постави нова термоенергетска фасада, а изработени и монтирани се нови олуци. Покрај ова, извршено е и поставување на прозорски опшивки и окапници. Со овие активности се изврши и чистење на столаријата и браваријата.

Проектот за реконструкција на фасадата на училиштето се реализира преку добрата соработка на Општина Кисела Вода и Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Со поставувањето на новата фасада учениците и вработените во училиштето ќе добијат потопли простории/училници во текот на зимскиот период, а воедно, ќе се заштедат и финансиски средства.

Градоначалникот и директорот на училиштето разговараа и за останатите потреби кои ги имаат учениците и вработените во овој објект.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он