Во октомври 1197 казни за сообраќајни прекршоци во тетовско

Од:

Во октомври, тетовската полиција открила и санкционирала 1197 различни видови на сообраќајни прекршоци, информираат од Сектрот за внатрешни работи во Тетово. Поради изречени казни, во сообраќај не смеат да учествуваат 165 лица.

-Во контролните активности, редовни и акциски, поради констатирани прекршоци, биле исклучени 81 возило. Најмногу од исклучените возила, 71 имале истечена регистрација над 30 дена, кај седум била утврдена техничка неисправност, а кај три претовар. Минатиот месец на ова подрачје од сообраќај биле исклучени и 165 возачи, од кои 108 кои управувале без возачка дозвола, 45 возачи-почетници, тројца под дејство на алкохол, четворица со несоодветна категорија и пет со важечка забрана за управување. Покрај тоа, времено биле одземени 19 возачки и 67 сообраќајни дозволи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во овој период, „пајак-службата“ подигнала 201 непрописно паркирано возило.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози