Во Октиси пристигна владијата Тимотеј на средба со локалниот оџа и градоначлникот на Струга, Зијадин Села, а за малку ќе дојдеше и до физички инцидент, но полицијата спречи двете спротивставени страни кои стојат на растојание од 20 метри да се судрат.
Од средбата произлезе договор за уште една средба во петок на која ќе присуствуваат муфиството на ИВЗ, градоначалникот на Струга и претставници на МПЦ. Но ветување нема дека ќе биде изградена црквата и дека проблемот ќе се реши брзо, посебно што дозволата за градба на црквата истекува на 30 септември.
Како што тврдат жителите Македонци од Октиси, локалниот оџа утрово преку разглас од селската џамија ги повикал жителите Муслимани да се соберат мирно и да не дозволат поставување камен темелник на црквата Свети Димитрија.
Владиката Тимотеј беше исвиркан од страна на муслиманското население кои е излезено во селото.
Во Октиси има големо полициско обезбедување, а на влезот од селото полицијата ги легитимира сите кои сакат да влезат во селото. Река од луѓе пристигнуваат и од другите македонски села, посебно од Мислешево, да дадат поддршка за изградба на црквата.