Во Охрид уапсен крадец кој „оперирал“ во Битола

Од:

Вчера во 19 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција го уапсиле Ѓ.З.(31) од село Љубојно, ресенско. Тој бил баран по централен распис од СВР-Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

30 дена притвор за разбојник од Скопје

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Уапсен крадец од Охрид кој крадел во родниот град

Пазарџии претепаа малолетник кој украде тренерки од тезга

Орце Костов