Во Охрид се промовира проектот „Една точка за услуги“

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Јетон Шаќири заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески учествуваа на официјалното отворање на центарот за јавни услуги – „Една точка за услуги“.

Шаќири истакна дека дигитализацијата на услугите е многу важен процес за европската иднина на Република Северна Македонија.

– Денес во Охрид го промовираме центарот „Точка за услуги“. Ова е директна инвестиција на Министерството за информатичко општество и администрација и имаме за цел овој центар да го претвориме во многу фреквентна локација каде што граѓаните на Охрид ќе ги добијат потребните услуги. Во моментот нудиме 62 директни услуги, сме посредници за над 65 услуги и нудиме над 800 потребни информации за добивањето на услугите. Ова е петти центар „Една точка за услуги“ што го отвораме после оние во Скопје, Тетово, Куманово и Битола – информира министерот Јетон Шаќири.

Тој во својот говор истакна дека: “МИОА не застанува тука. Планираме да отвораме сервисни центри за услуги во сите општини низ државата. Во моментов ние преговараме со Македонска пошта, во врска со овој проект, да ги искористиме канцелариите и капацитетите на филиалите на Македонска пошта, каде како резултат ќе имаме можност да ги отвориме нашите центри „Една точка за услуги“ во повеќето од општини низ државата, вклучувајќи ги сите општини во државата”.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум