Во Охрид се одржува шестата седница на Генерално собрание на ЗЕЛС

Од:

Во Охрид денеска се одржува шестата седница на Генерално собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), последна во овој мандат, на кое се сумираат резултатите од работењето на локалните самоуправи односно општините во Република Македонија во текот на изминатите четири години, организирани преку Заедницата.

Осврнувајќи се на реализираното во текот на изминатиот четиригодишен период, претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски истакна дека во рамки на оствареното можеби најголем напредок е преминот на надлежностите врз градежното земјиште на општините.

– Тоа е заложба на ЗЕЛС со која се овозможува побрз развој на општините, скратување на постапките при инвестирањето, навистина голема придобивка во напредокот на општините и процесот на децентрализација, истакна Трајановски.

Како значајна иницијатива на ЗЕЛС, Трајановски го посочи процесот на легализација на дивоградбите, за која ориентационо статистиката покажува дека 1,4 милион лица во Македонија живеат во нелегални објекти.

– Не само што со тој процес се овозможува на граѓаните да ги легализираат своите објекти, туку на општините им се олеснува процесот на урбанистичко планирање, бидејќи тие нелегални градби го блокираа тој процес, нагласи претседателот на ЗЕЛС.

Постојаните заложби и активности на ЗЕЛС за зголемувањето на финансиската стабилност на општините резултира со зголемувањето на процентот наменет за општините, а врз основа на реализираниот ДДВ.  Притоа тој ја посочи како перманентна заложбата на ЗЕЛС за зголемување  на ДДВ од 3 на 6 отсто и на персоналниот данок за општините од 3 на 30 проценти, што ќе овозможи нивна подобра финансиска стабилност, нагласи тој.

Како мошне значајна активност на ЗЕЛС, Трајановски ја посочи студијата за можност за формирање на ЗЕЛС-банка, преку која ќе се кредитираат општините со поволни услови, а секако тие кредити ќе можат да се искористат и како поддршка при аплицирање за средства од ИПА и структурните фондови.

– Клиенти на таа банка ќе се исклучиво општините, додека акционери можат да бидат покрај општините и дгури институции. Веќе имаме најави од повеќе странски институции кои се подготвени да донираат или да вложат капитал во таа банка, појасни тој.

Меѓу останатото тој ги посочи и проектите на ЗЕЛС за софтверска поддршка на општините, софтверот за градежно земјиште, за испитување енергетска ефикасност на општинските објекти, за културни настани, за пријави на проблем, софтвер за издавање Б-интегрирани дозволи кои се во надлежност на општините и слични проекти чија реализација е во тек.

Трајановски нагласи дека процесот на децентрализација треба да продолжи, а со тек на време да се создава соодветен обичен кадар, односно администрација подготвена да ги спроведува активностите што ги носи децентрализацијата.

– Нормално е државите насекаде во светот тешко да се откажуваат од надлежностите, останува до нас ние како општини да ги убедиме дека поседуваме капацитет за водење на надлежностите најмалку со ист квалитет како државата, рече Трајановски, притоа посочувајќи го како негативен пример со лошото менаџирање на јавните набавки за греење, односно случаите на кражба на деривати наменети за огрев на училиштата и општинските институции.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев со генерална оценка дека изминатите четири години се остварени одредени резултати кога е во прашање децентрализацијата, нагласувајќи го како мошне позитивен примерот со државното градежно земјиште, но оти тоа е далеку помалку од очекуваното и претходно прокламираните амбиции на општините и градоначалниците.

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов