Во Охрид се коле курбан на среде улица, полицијата немоќна

Од:

Вознемирувачки фотографии од колење добиток во присуство на група луѓе во Охрид се објавени попладнево на социјалните мрежи.

На сликите од охридска улица во близина на Биљанини извори, се гледа како двајца луѓе колат јагниња или овци, а потоа го раздаваат месото на група луѓе, меѓу кои има повеќе деца, кои го набљудуваат колењето. Еден од луѓето ја цеди крвта од закланото јагне во канализациска шахта.

Според очевидците кои ги објавуваат фотографиите, тие се направени денес околу пладне, а од полицијата која пристигнала на повик, им било објаснето дека немаат моќ во ваква ситуација.

Случајот предизвика реакции на социјалните мрежи, а граѓаните бараат ажурност од инспекциските служби за да се санкционира колењето животни на среде улица, на 35 степени и во време на пандемија.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ