Во Охрид, Ресен и Дебрца откриени 28 случаи на кражби на електрична енергија

Од:

Спроведените контроли на мерни места кај корисници на електрична енергија во Охрид, Ресен и Дебрца од страна на екипи на ЕВН утврдиле 28 случаи на кражби на електрична енергија, за што против сите се поднесени соодветни пресметки за неовластено користење струја и кривични пријави.

Според соопштението од ЕВН, од извршените контроли на 228 мерни места, утврдени биле 28 кражби и тоа кај 90 проценти од нив по пат на директна манипулација на броилото, додека останатите преку премостување на броилото или директно приклучување на мрежа без броило.

Податоците од ЕВН покажуваат дека од почетокот на годината при спроведени 600 контроли на територијата на општините Охрид, Ресен и Дебарца се откриени над 58 слуачаи на кражби на елетрична енергија. Судска разрешница чекаат и 40-тина случаи кои се откриени во Охрид и околните населени места на крајот на минатата година.

Од ЕВН најавуваат контроли и во текот на овој месец. Екипи на ЕВН Македонија заедно со истражни судии ќе ги посетат сите корисници за кои анализите покажале основано сомневање за кражба на електрична енергија.

Годинава на сила стапија и измените и дополнувањата на кривичниот законик, со кои кражбите на сите видови енергија претставуваат кривични дела за кои се прошишува и казна затвор до пет години. а

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава