Во Охрид почна Првата школа за млади кривичари во Македонија

Од:

„Реформите на казненото-материјално право – контекстуалните аспекти“ е главната тема на расправа во рамки на Првата школа за млади кривичари, што во организација на Институтот за казнено право при Факултетот за правни науки „Јустинијан Први“ од Скопје викендов се одржува во Охрид.

– Ова е првпат во Република Македонија да се организира ваква школа за млади кривичари. Практиката и компаративните искуства на меѓународен план говорат дека секоја суверена и демократска држава вложува во ваков кадар како што се млади кривичари, истакна проф.Никола Тупанчески, раководител на Институтот за казнено право и претседател на Здружението на млади кривичари на Македонија.

Седумседеттина млади кривичари, луѓе со завршени мастерс-студии по казнено право, дипломирани магистри, како и кривичари што се на докторски и пост-докторски студии во областа заедно со експертите од кривичното право во рамки на школата ќе дискутираат по актуелни прашања од областа на кривичната практика.

– Концепцијата на оваа школа за која очекуваме да стане традиционална е замислена да детектира прашања што заслужуваат внимание, нивна анализа и истовремено да понуди некакви решенија, имајќи предвид дека на казнено-правен план состојбите во Македонија генерално може да се подобрат, појасни Тупанчески.

Тој истакна дека покрај главната тема „Реформите на казненото право – неговите контекстуални аспекти“, дефинитивно на средбата во Охрид ќе се разговара за сите отворени прашања кои претставуваат реален проблем во Република Македонија, од судството генерално, неговата независност, казнено-правната регулатива, имплементација на меѓународните стандарди…

Своите искуства во областа пред младите кривичари покрај проф. Тупанчески ќе ги споделат и академик Владо Камбовски, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Лидија Неделкова, д-р. Џемаил Салити, судија при Врховниот суд, проф. Александра Деаноска-Трендафилова од Правниот факултет, Ненад Јаничиевиќ, адвокат и поранешен претседател на Адвокатската комора на Македонија, како и м-р Драгана Кирпријановска, докторант на Правниот факултет „јустинијан Први“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски