Во Охрид експертска школа на НАТО за борба против ИСИС

Од:

Заканите по безбедноста што произлегуваат од радикализацијата во просторот на електронските комуникации и начините како да се спречат обидите за нивна злоупотреба од страна на меѓународните терористички организации се теми на дискусија на меѓународната конференција што во организација на НАТО програмата за мир, Воената академија на РМ и Бугарската академија на науки од денеска се одржува во Охрид.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски кој имаше свое обраќање пред учесниците на собирот појасни дека наредните пет дена предавачи од повеќе земји-членки на НАТО и од регионот ќе дискутираат за начините како државите да се справат со растечките закани во сајбер-безбедноста односно во насока на намалување на радикализацијата кај младите луѓе што се регрутираат во ИСИС и слични терористички организации.

– Станува збор за значајна конференција бидејќи дава можност експертите од Република Македонија и од регионот да стекнат најдобри и најсоодветни знаења од областа, со цел да бидеме поуспешни во справувањето со предизвиците, рече тој.

Што се однесува на ситуацијата во Македонија, Јолевски посочи дека внимателно се следи. Од аспект на радикализација на терористичките закани по безбедноста, тој појасни дека ИСИС последните месеци бележи големи загуби на бојните полиња, но, како што рече, тоа не значи дека има место за опуштање, напротив, треба ситуацијата да се следи и да се работи на зајакнување на институциите, да се работи на развој на мерки за справување со предизвиците.

– Македонија е безбедна, но можностите за криза со нов мигрантски бран наметнуваат потреба од развој на соодветна стратегија за дејствување во такви услови, истакна Јолевски.

На собирот во Охрид што е трет настан од тој вид, учествуваат претставници од безбедносните структури на 15 држави, воглавно од регионот, но и од САД, Турција, Италија и Израел.

– Во деновите што следат учесниците на напредната школа ќе дискутираат на повеќе различни теми од областа на безбедноста, ќе имаат можност да изнесат свои забелешки, со надеж дека ќе придонесат во насока на зајакнување на капацитетите на регионот за справување со евентуални кризи, истакна професорот Златогор Минчев, началник на Одделот за информатика и безбедност во електронските комуникации во Бугарската академија на науки.

Минчев не сакаше да говори за актуелната ситуација, односно да изнесе информации за тоа колку навистина постои закана од нов бран бегалци, но укажа дека изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за отворање на границата за бегалците секако бара поактивен ангажман во насока на зајакнување на капацитетите на интегрираните регионални безбедносни структури.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“