Во наредните денови ќе се обезбедат уште 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче утрово направи обиколка низ интерните клиники во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Тој го посети и ново отворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

– Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавно-здравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите, изјави Филипче.

Како што соопшти Министерството за здравство, во ковид центарот во Клиниката за очни болести хоспитализиран е првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети.

– Клиниката е спремна да помогне во згрижувањето на сите оние пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка, посочуваат од Министерството.

Следен чекор, додаваат, е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти и на Клиниката за уво, нос и грло.

– Во следните денови се очекува да биде комплетно спремна оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on