Во МЗШВ отворен кол центар за потребите на земјоделците и агробизнисмените

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска отвори кол центар наменет за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, кои преку телефонските броеви 071/204-137; 070/415-314; 070/415-389 ќе можат да ги добијат сите потребни услуги и информации. Телефонските линии ќе бидат достапни од 8 до 17 часот.

Преку кол центарот, соопшти МЗШВ, земјоделците и агробизнисмените ќе можат да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите останати информации од областа на земјоделство. Воедно, ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените, како и информации за незаконски дејствија.

– На овој начин Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навреме ќе може да одговори на сите прашања што ги засегаат земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, да реагира и да преземе мерки за брзо решавање на секој проблем поединечно, стои во соопштението.

Воведувањето на кол центарот како модел за транспарентност, е новина и за првпат се воведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

– Уште од јуни МЗШВ ги отвори вратите за земјоделците и за агробизнисмените, за решавање на нивните проблеми и за преземање на системски мерки за развој на земјоделството. Воведувањето на кол центарот е само продолжение на започнатиот транспарентен однос на МЗШВ и уште еден доказ за отвореноста на МЗШВ како институција која ќе функционира исклучиво како сервис за сите чинители во земјоделскиот сектор, наведуваат од МЗШВ.

Начелото на правичност и транспарентност, додаваат, и во следниот период ќе биде едена од главните цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи само преку отворен дијалог може да се постигнат зацртаните цели за развој на земјоделскиот сектор.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп